| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Карлеуша открива: Мојата љубовна приказна е прекрасна и трогателна

Познатата брачна двојка, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ скоро една деценија храбро чекорат низ животот – успешни, силни и реализирани. Пејачката не крие колку е горда на својот сопруг, а сега откри и како почнала нивната, како што вели, трогателна и прекрасна приказна.

– Тој е некој што од најтешка можна социјална приказна ги допре ѕвездите. Израснал во дом бидејќи неговите родителите биле многу сиромашни. Рано почнал да тренира фудбал во Пролетер во Зрењанин. Тоа му претставувало бегство од домот. На 16 години беше купен од страна на ОФК Београд. Подоцна дознав од неговите пријатели од клубот дека сопчето во кое живеел било преполно со мои постери. На крајот на краиштата, тој се ожени со жената од постерите, и’ направи две деца. Тоа е прекрасна, трогателна приказна“, раскажа Карлеуша во едно свое интервју, истакнувајќи колку е среќна што покрај себе има маж кој ја поддржува и не ја кочи во ништо.

-Имав среќа покрај себе да имам добар иквалитетен човек кој не ми се меша и не ме кочи во ова мое лудило – истерување правдина. Само ми се тргаше од патот, но и ме вадеше кога ќе паднев во жестоки проблеми“, беше искрена пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top