Кејт Мидлтон и принцот Вилијам денеска се пример за среќен кралски брак. Тие се заедно од 2007 година, но во меѓувреме раскинале на неколку месеци.
Според еден од кралските биографи, Данкан Ларкомб, во изјава за документарецот на Амазон „Вилијам и Кејт: Патувањето“, открил дека причина за прекинувањето е токму семејството Мидлтон.
Блиски пријатели на принцот Вилијам се потсмевале на тоа што мајката на Кејт, Карол, била стјуардеса и правеле шеги на таа сметка, од кои дел биле многу непристојни. Дури и се зборува дека одредени членови на кралското семејство исто така го мислеле тоа.
Поради тоа, семејството Мидлтон не можело да поднесе мајката на Кејт да биде навредувана од блиските на нејзиното момче, па направиле сè што може за тие да се разделат.
Во времето кога ја почнале врската, семејството Мидлтон веќе било прилично богато, но во минатото биле обични работници кои макотрпно заработувале за живот.
Која и да е причината, и двајцата сметаат дека разделбата добро им дошла, за да можат да сфатат што сакаат еден од друг. Според Вилијам, тој не ја направил грешката на своите родители да избрза со венчавка, па да ги решава нештата кога веќе ќе бидат премногу комплицирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст