Нашата определба да ги јакнеме врските, меѓусебната почит и поддршката на сите етнички заедници во нашата земја, се пренесува како позитивен фактор во заедничка потрага на одговори на сите прашања што се отвораат пред нас, рече премиерот Зоран Заев на средбата со албанскиот претседател Илир Мета, соопшти Владата.
– Тоа е заеднички интерес кој не обединува во остварувањето на стратешките цели, како што се нашите аспирации за членство во НАТО и ЕУ, како и нашата силна определба да ги завршиме реформите дома за да им дадеме општество подеднакво достапно на сите граѓани, нагласи Заев.
Заев и Мета разговарале и за повеќе други теми од интерес за двете земји, при што истакнале подготвеност и силна посветеност да поддржат повеќе проекти за зајакнување на економските и културните врски, како и поддршка за инфраструктурните проекти од кои се очекува дополнителен импулс и за регионално зајакнување на поврзувањето на земјите од регионот.
Мета е во посета на Македонија по повод празнувањето на Денот на албанската азбука. Тој изразил благодарност за можноста да се сретне со премиерот Заев како и за поддршката на највисоко државно ниво што Република Македонија ја посветува на празникот Ден на Албанската азбука, како настан од исклучително значење во историјата на Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст