Пред повеќе од една година, поточно 12 септември 2017 година, премиерот Заев излезе и соопшти дека во Македонија влегуваат две инвестиции на мултинационални компании и гиганти Google и Facebook. Надеж меѓу граѓаните, радост за ИТ кадрите бидејќи можеби ќе добијат шанса да работат во едни вакви гиганти, потсети на „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
- Но, после поминати година и два месеци, нема ништо, штама од владата, и надеж дека јавноста што помалку ќе се сети на ова ветување, бидејќи помнењето создава оправдан впечаток дека оваа влада брутално лаже, но и ја открива нејзината запрепастувачка неспособност. Иако Заев вети, ги нема ниту Google, ниту Facebook. Срамна лага, гол факт за неспособноста на Владата – вели Мицкоски.
Тој додава дека нема инвестиции затоа што во Македонија има криминал.
- И тука се безбројните сведочења на инвеститори кои се одвратени поради корупција, сомнежите дека инвеститорите можеби ќе добијат пакет на поддршка од владата, но задолжително добиваат и пакет барања за куферчиња пари, или список, кои се одбраните домашни компании со кои мора да се соработува. Црно време. А цехот на овие црнила го плаќаат граѓаните. Најавите за инвестициите на Google и FB сведоштво за една брутална лага и измама на владата на премиерот Зоран Заев – вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст