Во својата најнова колумна за „Независен“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски предупредува на последиците од лошите економски политики кои ги спроведува Владата.
– Во истиов контекст на лоши предвидувања и апатија помеѓу народот би сакал да дадам уште едно предвидување кое се плашам дека ќе се реализира, а се надевам дека нема. Без разлика што Заев го менува името во Северна, економијата не само што не оди напред, туку назадува, фискалната дисциплина попушта и Заев заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски одат на навидум најлесниот но најопасен чекор, на зголемување даноци и воведување нови – вели Николоски.
Тој додава дека помалите банки би можеле да банкротираат и да се случи економски колапс заради новите даноци на депозити кои ги воведува Владата на Заев.
– Имено, со воведување на нов данок на каматите на депозитите во банки се очекува да се створи негативен ефект кај штедачите. Каматите на депозити особено ако се девизни и сега се многу ниски и се под еден процент, што не ја покрива ни годишната инфлација, ако на тоа сега се додаде и данокот од 15 проценти, како и нестабилната политичка состојба очекувано е голем дел од граѓаните да ги повлечат своите депозити од банките. Тоа е огромна закана за неколку помали банки кои можат да се соочат со сериозни проблеми во своето работење, па дури и банкрот, кој ако се случи ќе има несогледливи последици кон економијата.“
Вели дека не посакува ова да се случи и затоа јавно апелира до власта да го повлече својот предлог за зголемување на даноци и воведување нови.
Николоски потенцира дека доколку тоа не го направат ВМРО-ДПМНЕ по победата на следните парламентарни избори и формирањето Влада, ќе ги укине на првата седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст