| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот „командант Вентили“: Јас не се бавам со граѓаните, тие може тужат (видео)

– Јас не се бавам со граѓаните, тие може да тужат, одговорил вчера Министерот за животна средина, Садула Дураку на прашањето на ТВ Сител, како ја коментира најавата дека граѓаните ќе ја тужат државата за енормното аерозагадување.

Дураку е министер за животна средина повеќе од 17 месеци, а досега не одржал ниту една прес конференција поврзанa со загадувањето. Токму ова министерство е едно од најповиканите и едно од надлежните државни институции кои треба да се занимаваат и да работат на решавање на проблемот во огромното загадување на воздухот со кое се мачат градовите ширум Македонија во зимските месеци.

Својот прекар, „командант Вентили“, Дураку го добил за време на воениот конфликт во 2001 кога медиумите пишуваа дека тој со уште двајца припадници на тогашната ОНА, во 2001 го завртел вентилот за довод на вода кој се наоѓа на Липковското Езеро. Тогаш Куманово беше речиси два месеци без вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top