| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејсбук“ го спаси од 99 години казна затвор

Момче од Тексас, соочено со казна затвор од 99 години, се спаси благодарение на „Фејсбук“ и селфи фотографијата што ја направила неговата мајка во миговите кога наводно се случил нападот за којшто бил обвинет.

Поранешна девојка на Кристофер Прекопија (21) го обвинила за насилно влегување во нејзиниот дом и физички напад врз неа, кој се случил септември 2017 година. Притоа, тој „ја турнал на земја и со нож ѝ врежал буква ’Х‘ кај вратот“, како што тврдела девојката.

Тие двајца биле во врска како средношколци, кога тој имал 17 години, а девојката била две години помлада. Раскинувањето било со многу негативни емоции и, како што тврдело момчето во судскиот процес, не ја видел две години пред обвинението, и не знаел каде таа сега живее.

Според обвинението, сите наводи укажувале дека момчето ја нападнало девојката, но вистината е многу поинаква. Алибито на момчето го докажа неговата мајка.

Во тоа време, таа со синот ѝ и неколкумина пријатели биле во хотелот „Ренејсанс Остин“, се сликале, го објавила тоа на „Фејсбук“ и ја означила локацијата, како и времето. Хотелот е на растојание од еден час возење со автмобил до местото на злосторството.

Тоа време тој бил премногу далеку од домот на девојката и немало како да ја нападне. Така, Кристофер ја докажал својата невиност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top