Четиринаесетгодишно момче синоќа е повредено, откако во него со возило „матиз” удрило 19-годишно лице.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека сообраќајната несреќа се случила во 17:30 часот на крстосницата од улиците „7 ми Септември“, „Блажо Алексов“, „Браќа Џунови“ и „Цано Поп – Ристов“.
– Патнички автомобил марка „даеву матиз“ со кавадаречки регистарски ознаки управуван од Д.О.(19) удрил во пешакот, на кој по незгодата му била укажана медицинска помош во Општата болница Кавадарци. Потоа бил пуштен на домашно лекување, изјави Додевски.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица од општа надлежност во Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст