| четврток, 6 декември 2018 |

Па тригодишна пауза на КАРИЛ успешно трансплантирани бубрези на двајца пациенти од пациент кој доживеал мозочна смрт

По три години пауза, на КАРИЛ, успешно трансплантирани бубрези на двајца пациенти од пациент кој доживеал мозочна смрт.

– Горд сум на медицинскиот персонал од Нефрологија и КАРИЛ кои направија неверојатно добра работа. Спасија два живота, на една жена и маж кои долго време се измачувале низ процесите за лекување и дијализа. За пациентката ова е втора трансплатација на бубрег, и посакувам добро здравје и оваа трансплантација да помине како по книга, успешно- изјави Венко Филипче, министерот за здравство кој беше во посета на пациентите.

Филипче додаде дека е  неверојатно горд и со полна почит кон родителите на дарителот на органите, кои дозволиле, по мозочната смрт да ги донираат бубрезите од починатиот.

– За ваков чекор потребно е човек да биде подготвен и неверојатно големата загуба да ја потиснат размислувајќи дека со донирање на органи, ќе продолжат и спасат нечии туѓ живот. За мене лично, тоа се најголемите херои на денешницата – рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top