| четврток, 6 декември 2018 |

Мета во Скопје за Денот на албанската азбука

Во рамки на прославата на Денот на албанската азбука и 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег претседателот на Република Албанија, Илир Мета, заедно со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и претседателот на ДУИ Али Ахмети, денеска ќе прошетаат низ Старата чаршија во Скопје.

Прошетката низ чаршијата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, ќе заврши пред мозаикот (Муралот) на плоштадот на Скендербег каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на Скендербег.

Пред четири дена Мета ја посети и Битола во рамки на прославата на Денот на албанската азбука. Албанскиот претседател го посети Музејот на албанската азбука и на ученици им додели на симболичен начин 11о буквари, бидејќи оваа година се одбележува 11о години од одржувањето на Конгресот на албанската азбука во Битола.

Мета се сретнал и со Албанците од селото Меџитлија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top