| четврток, 6 декември 2018 |

Американец отишол да шири христијанство во диво племе – за него било авантура, за нив – две минути работа

Американец бил убиен бидејќи не ја почитувал забраната за посета на остров во Индискиот Океан, на кој живее изолирано племе кое одбива комуникација со надворешниот свет и странците ги пречекува со лак и стрела.
Полицаецот Вијав Син соопштил дека се приведени неколку рибари, кои на 27-годишниот Американец Џон Ален Чау му организирале посета на племето на островот Северен Сентиенел иако постои забрана за посета на островот.
Народот кој живее во тие шумски предели е познат по изолацијата и нападот врз сите кои ќе дојдат.
Индиските медиуми пишуваат дека Американецот бил на „авантуристичко патување“ и дека неговот тело го пронашле рибари.
Конзулатот на САД во тој дел од светот соопшти дека знае за трагедијата, но дека порати почитување на приватноста нема да се објават детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top