Некогаш е подобро да конзумирате свежа наместо кисела зелка.
Натурологот Ѓеорги Назаров предупредува на многу штетните ефекти поради начинот на обработка на овој зеленчук.
– Сепак, потребно е да се согледаат и позитивните и негативните дејства на киселата зелка, вели натурологот.
– За киселење на зелката се користи голема количина сол, а тоа не е здраво, особено што после јадење се пие голема количина вода. Кога во организмот се внесува голема количина на сол лицето може да заболи од зголемен крвен притисок, солта во организмот станува оптеретување за бубрезите, се таложи во зглобовите и крвните садови. Поради солта, вишокот течности се задржуваат и тешко се исфрлаат, а се пореметува односот на калиумот и натриумот, кои при тоа влијае на грчење на мускулите особено околу вратот и кичмата.
Ако веќе користите кисела зелка тогаш треба солта да ја исфрлите од другите намирници и оброци.
– Немир во нозете и рацете често се јавува како последица на равнотежа на калиум и натриум, кои носат премногу сол. Се повеќе истражувања укажуваат и на поврзаноста на употребата на солта во исхраната и појава на некои врсти на рак. Солта од киселата зелка не се отстранува целосно дури и со миење на листовите пред употреба.
Значи, со киселата зелка, кој без сомнение е корисна, треба да се биде внимателен. Ако страдате од висок крвен притисок, можете да консумирате свежа зелка, која ја има и во зимските месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст