| четврток, 6 декември 2018 |

Портпаролот на унгарската влада до Хан: Ако нешто не ти е јасно, прочитај си го извештајот за Македонија oд март 2018

Портпаролот на Владата на Унгарија го матира еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој го прозва Виктор Орбан и побара „гласно“ објаснување за азилот на поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски.


Хан доби брз одговор од најповиканиот – портпаролот на унгарската Владата, Золтан Ковач, кој му порача ако нешто не му е јасно, да си го прочита сопствениот извештај од март 2018 година за Македонија, во кој навел во делот за судсството дека постои „ризик од политичко влијание на судството“.

Еврокомесарот на Твитер побара одговор врз која основа Унгарија му даде азил на Никола Груевски.

Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top