| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциско ќе ја посети Македонија

Папата Франциско во мај наредната година ќе ја посети Македонија, објави аргентинската национална новинска агенција повикувајќи се на извори од Ватикан.

Во првата недела од мај наредната година папата ќе ги посети и Романија и Бугарија.

Ако оваа посета се оствари, папата Франциско ќе биде првиот папа што ја посетил Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top