| четврток, 6 декември 2018 |

Анѓушев до вработените во Охис: Не сум јас султан за да делам пари!

Вработените од Охис повторно излегоа на протест. Како што велат, го бараат тоа што го изработиле, односно за дел од нив и до 24 плати како и платени придонеси. Имале средба со министерите Анѓушев и Тевдовски, но си заминале со порака дека пари нема.

Вработените обвинуваат дека Анѓушев не ја разбира нивната мака, велат дека вицепремиерот им се обратил со изјавата:

-Не сум јас султан за да делам пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top