| четврток, 6 декември 2018 |

Му отворила лажен профил на бившиот, па објавила компромитирачки фотографии – кривична за девојка од струшко

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.И. (30) од село Горно Татеши, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во саботата на социјалните мрежи „Facebook” и „Instagram”, пријавената креирала лажни профили на име на С.З. (36) од тетовско село, со кого претходно била во љубовна врска, по што на нив објавувала компромитирачки фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top