Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, изјави дека Србија треба да го промени својот став кон Македонија и Црна Гора, бидејќи во тие земји нема искрени соговорници ниту пријатели, затоа што на собранието на Интерпол го поддржаа влегувањето на Косово во организацијата.
„Го повикувам претседателот Вучиќ да го промени ставот кон Црна Гора и Северна Македонија и да им покаже дека пријателството со Србија мора да се заслужи“, се вели во соопштението на Вулин.
Тој додаде дека „Црна Гора и Северна Македонија на собранието на Интерпол го поддржаа влегувањето на косовските наркокартели во полициската организација. Застанаа на страната на Косово свесни дека со тоа ја навредуваат Србија“.
„Ако немаа храброст да гласаат против, можеа да се воздржат и да покажат дека се грижат и за она што го мисли и го чувствува Србија“, рече Вулин, пренесе РТС.
„Не гласаа Црна Гора и Северна Македонија за Косово, тие гласаа против Србија. Нивните гласови не ја сменија одлуката на собранието на Интерпол, но треба да го променат односот на Србија кон нив. Претседателот Вучиќ во владите на Црна Гора и Северна Македонија нема искрени соговорници, а Србија нема пријатели“, порача Вулин.
Косово вчера не успеа да стане членка на Интерпол, откако во вториот круг на гласањето за приемот гласаа 68 земји, 51 биле против и 16 воздржани, а потребно е двотретинско мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст