| четврток, 6 декември 2018 |

Го фатиле на дело како ограбува продавница – Албански државјанин синоќа завршил во притвор

По поднесена кривична пријава од страна на МВР – Полициската станица Прилеп, во Основното јавно обвинителство Прилеп поведена е постапка против едно лице, државјанин на Република Албанија, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело тешка кражба. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп му определи мерка притвор во траење до осум дена.

– Осомничениот ноќта на 20 ноември 2018 година, со употреба на сила искршил заштитна решетка од колонијална продавница лоцирана на ул. „Архиепископ Доситеј“ во Прилеп. Со намера противправно да одземе туѓи подвижни предмети, го искршил стаклото од влезно-излезната врата со соодветен алат и влегол во продавницата, при што бил затекнат од страна на службени лица на Полициската станица Прилеп, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител оценил дека идентитет на осомничениот во моментов не може да се утврди, бидејќи лицето не поседувало никаков идентификациски документ и го немал регулирано престојот со негово пријавување пред надлежен орган, нема постојано место на престојување во Република Македонија. По влегување на територијата на Република Македонија пред околу три месеци, осомничениот престојувал во различни градови и објекти.

– Од тие причини согласно член 470 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка, а поради постоење особени околности што укажуваат на опасност од бегство, од страна на ОЈО Прилеп до Основниот суд Прилеп е поднесен предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп го прифати предлогот на надлежниот обвинител, па со решение на обвинетиот му определи мерка притвор во траење до осум дена, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top