| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалник во Хрватска отпушти вишок администрација, а на просторот направи градинка

Градоначалник во Хрватска отпушти вишок администрација и на просторот што се отворил направиле детска гардинка. Анте Праниќ е млад градоначалник во Вргорац, Далмација, на Фејсбук објави статус објаснувајќи дека од вишокот простор и пари што ги добиле со ослободување од вишокот администрација, ја прошириле детска градинка.

– Кога стапив на функцијата градоначалник, дочекав хаос во градинката. Немавме педагози ниту експерти, но имавме вишок администрација. Воведовме ред. Сега немаме администрација поради рационализацијата, но имаме стручен кадар за деца – напиша Праниќ.

Праниќ и пред неколку месеци беше присутен во медиумите, вели Индекс, поради кавгата со еден вработен што исто така го отпуштил. Службеникот на градската администрација го тужеше градот, но го загуби спорот. Отказот, рече судот, е легален.

– Денес добивме уште еден резултат од судски процес во наша корист, во кој бевме тужени од поранешен вработен поради откажување на договорот за вработување. Едноставно, вработениот во една градска институција повеќе беше по кафиња отколку на работното место. Тоа не го толериравме и на суд ја докажавме законитоста на поништувањето на договорот за работа – напиша тогаш принципиелниот градоначалник на Вргорац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top