| четврток, 6 декември 2018 |

Нема долго да чека нова работа: Лопетеги пред нов ангажман

Доскорешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги се чини дека нема долго време да трага по нов тренерски ангажман. Тој на „Сантијаго Бернабе“ како тренер мина помалку од четири месеци, за што допринесоа лошите резултати кои „кралевите“ ги бележеа под негово водство.

Шпанските медиуми објавија дека 52-годишниот Лопетеги е главен кандидат за преземање на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави кои во моментов ги води Дејв Сарахан, но тој е само привремено решение.

За Лопетеги ова ќе биде враќање на селекторската функција, со оглед на тоа дека пред да потпише за Реал, беше селектор на Шпанија, а претходно ја водеше „Фуријата“ и во младинските категории.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top