| четврток, 6 декември 2018 |

Над 85.000 деца починале од неухранетост во Јемен

Околу 85.000 деца под пет годишна возраст починале поради акутна неухранетост во тригодишната војната во Јемен, проценува водечката организација за заштита на децата „Спасете ги децата“.

Бројот на починатите деца е еквивалентен на вкупниот број деца до пет години кои живеат во вториот по големина британски град Бирмингам, спореди организацијата.

Минатиот месец ОН предупреди дека над 14 милиони Јеменци се на работ на глад.

Се прават напори да заживеат преговорите за да се стави крај на три годишната војна, која предизвика најголема хуманитарна катастрофа во светот.

Јемен е уништен поради конфликтот. Борбите ескалираа во 2015 година кога коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна воздушна кампања против бунтовничкото движење Хути кое го принуди претседателот Абдрабух Мансур Хади да побегне во странство.

Најмалку 6.800 цивили се убиени и 10.700 повредени во овјната, според ОН.Судирите како и одделните блокади од страна на коалицијата исто така оставија 22 милиони луѓе во очајна потреба за хуманитарна помош, предизвикувајќи најголема светска криза во осигурување на храната во светот, како и до појава на колера кај 1,2 милиони луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top