| четврток, 6 декември 2018 |

Фифи ќе пее на „Икс фактор“

Македонскиот пејач Филип Јовановски-Фифи, во јавноста најпознат по неговиот ексцентричен и феминизиран изглед и трансформациите со шминка, лакирани нокти, долга коса и женска облека, се најде меѓу првите пријавени на реалното музичко шоу „Икс фактор“.

387271_2636999298460_1031873066_n 1043982_10200920881618518_50127243_n

 

Со фотографија од шоуто и зборовите „Икс Фактор, доаѓам!“, Фифи на „Фејсбук“ ја сподели информацијата дека ќе го видиме на сцената пред публиката и четиричленото жири.

1005756_10201038035907302_654060844_n

Србија прва на Балканот ја откупи лиценцата за шоуто кое го создаде контроверзниот Сајмон Кауел, а емитувањето ќе почне оваа есен, и тоа во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.

Првата аудиција за регионот е закажана за 20 август во Будва, а ќе има аудиции и во Белград, Нови Сад, Ниш, Бања Лука, Сараево и во Скопје.
Снимањето треба да почне на 2 септември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top