| четврток, 6 декември 2018 |

Во М-НАВ вработени роднина на министер, син на директор, сестра на вицепремиер…

Во државната агенција М-НАВ се вработени блиски роднини на високи владини функционери или коалициони партнери, објави  Независен.

-Во М-НАВ, државното претпријатие во кое се исплатуваат плати седум-осум пати повисоки од просечната, од минатата недела е вработен роднина на еден министер од актуелната влада. И таткото на нововработениот работи во М-НАВ.  Синчето не успеало да влезе на првиот оглас, зашто не ги исполнувало условите, ама за него бил распишан и втор оглас. Претходното работно место му било во една од компаниите во зоната „Бунарџик“. На листата на вработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци се наоѓа и синот на директорот на еден од социјалните фондови, сестрата на еден од вицепремиерите, внуците на директорот на телекомуникацискиот оператор и на висок претставник на помалиот коалициски партнер, синот на пратеничка од истата партија – пишува Независен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top