| четврток, 6 декември 2018 |

Трансферот на Данецот предмет на истрага: Челси го исплатил таткото на Кристенсен кога тој имал 15 години

Англиската Премиер лига реагираше на изјавата која се појави на „ Football Leaks“ дека Челси го потпишал Данецот, Андреас Кристенсен кога имал само 15 години, обвинувајќи го клубот за прекршување на правилата. Наводно, „сините“ пред седум години се договориле со таткото на фудбалерот, а правилата на Премиер Лигата забрануваат било какво исплаќање на семејствата на млади играчи за трансфер.

– Ако добиеме официјален доказ дека нашите правила се прекршени, тогаш ние ќе го испитаме ова целосно транспарентно, соопштија од Премиер Лигата.

Кристенсен сега има 22 години и се уште нема изборено стандардно место во првиот тим на Челси. За „сините“ од Лондон тој дебитираше во 2013 година, од 2015-2017 беше на позајмица во Борусија Менхенгладбах.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top