Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице е починато се случила околу 12.50 часот на патот А3 Битола – граничен премин „Меџитлија“ кај селото Жабени. До несреќата дошло при судир на два автомобили, „југо“ со битолски и „нисан“ со грчки регистарски таблички.
Според информациите што ги има полицијата, во несреќата починал возачот на „југото“, 49-годишниот битолчанец Томе К., додека едно женско и едно машко лице од грчкото возило поради повреди се пренесени во битолската болница.
Увидот е во тек, а сообраќајот на овој дел од патот во моментов е во прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Застрелан млад велосипедист на Алпите, мислеле дека е дивеч



