| четврток, 6 декември 2018 |

Случаен минувач викнал Брза помош: Скопјанец починал вчера на улица

Вчера околу во 13 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улица „Карпошово Востание“ бил пронајден починат П.П. (69) од Скопје.

Според пријавеното, тој додека се движел по улицата му се слошило и паднал, а случаен минувач повикал Итна медицинска помош, која само констатирала смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top