Владата ги објави висините на платите на премиерот, замениците на премиерот и на министрите. Според податоците, највисока плата во Владата зема министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој зема 92 299 денари месечно.
Податоците се објавени преку алатката за транспарентност на Владата, објавена на официјалниот веб сајт со образложение дека висината на платата на министрите е јавен податок.
Според податоците, највисока плата во Владата зема министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, или 92.299 денари. Бидејќи неговата плата надминува 90.000 денари, Спасовски е единствениот министер кој би бил подложен на прогресивното оданочување што го најавува Владата.
За разлика од него, премиерот Заев зема 88.161 денари, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев има плата од 80.206 денари, а министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, 79.150 денари.
Најниската министерска плата изнесува 66.442 денари и ја добива министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст