| четврток, 6 декември 2018 |

Робен: Во моментов не сме доволно добри за титулата

Офанзивениот играч за врска на Баерн Минхен, Арјен Робен смета дека баварците треба да престанат да размислуваат за титулата како цел сама за себе, туку да се концентрираат во победување во натпреварите и постојаност во играта.

Шампионите се во серија од шест последователни освоени титули, но нивните игри досега сезонва се далеку од очекуваното ниво. Тие заостануваат седум бода зад лидерот Борусија Дортмунд, а освен тоа загубија во последното коло од „жолто-црните“ по импресивен пресврт.

– Немаме право да зборуваме за титулата токму сега, бидејќи не сме доволно добри, изјавил Робен
за АРД и додал дека според него тренерот Ковач е многу, многу амбициозен и напорно работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top