| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарски медиуми: Одлуката за барањето за азил на Груевски е донесена

– Канцеларијата за имиграции и азил донела одлука за барањето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски за политички азил во Унгарија, објавуваат претпладнево унгарските медиуми.

Повеќето медиуми ја пренесуваат веста на „Хунгариан Тајмс“, кој повикувајќи се на владини извори и на извори во Канцеларијата за имиграции и азил, извести дека одлуката за барањето на Груевски е донесена по скратена постапка.

Не се прецизира дали барањето е прифатено или одбиено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top