| четврток, 6 декември 2018 |

Необична сцена на теренот: Ѕвездата на Ливерпул го прегрна расплаканиот судија (видео)

Репрезентацијата на Холандија синоќа се пласираше во полуфиналето на Лигата на нации откако одигра 2-2 на гостувањето кај Германија и тоа благодарение на израмнувачкиот гол на Вирџил ван Дајк во судиското продолжение.

Интересен момент на гледачите вчеравечер им падна во очи по завршувањето на натпреварот кога главниот судија Овидиу Хатеган почна да плаче, а дефанзивецот на Ливерпул, Ван Дајк му пријде и го прегрна. Романскиот судија неодамна ја загубил својата мајка, па по натпреварот станал многу емотивен.

– Почна да плаче, бидејќи мајка му починала пред извесно време. Му посакав сила и му реков дека судеше одлично. Тоа е мала работа, но се надевам дека му помогнав, изјавил фудбалерот на Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top