| четврток, 6 декември 2018 |

Во раните утрински часови итно пренесен на Клиника: Тешко повреден велосипедист во Охрид

Ноќеска во 00.35 часот на крстосница на улица „7-ми Ноември“ и булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.М.(41) од Охрид удрило во велосипед управуван од А.Х.(48) од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил А.Х. и тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top