Членовите на британското кралско семејство поминуваат низ кошмар откако дознаа дека американските официјални власти се обидуваат да земат дел од неколкумилионската сума пари која изминатата година ја заработија принцот Хари и Меган Маркл. Имено, војвотката од Сасекс сè уште официјално е државјанин на САД, што значи дека таа е должна да плаќа данок во САД, а приходите може да се прошират на сите од кои добила пари, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг.
Оваа правна ставка, секако, може да ги исцрпи нејзините пет милиони американски долари, колку што заработи во Америка, како и главниот извор на приходи на принцот Хари – 300.000 фунти годишно, колку што добива од Фондацијата, а на што плаќа данок во Велика Британија. Истрагата може да се прошири и на кралицата, како и на принцот Чарлс, бидејќи и тие ја финансираа брачната двојка. Поради сето ова, кралското семејство ангажираше американски финансиски експерти за да го решат овој проблем.
Сè додека официјално не стане британски државјанин, Меган Маркл ќе мора секоја година да пријавува данок во Америка.
Некои одат толку далеку што тврдат дека ќе треба да го пријави и скапоцениот свршенички прстен, како и венчалниот фустан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст