| четврток, 6 декември 2018 |

Во решението нема ниту еден реален податок со кој се докажува дека Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Во вечерашното гостување адвокатот на Миле Јанкиески и Кирил Божиновски , Еленко Миланов во емисијата „Отворено на Алфа“ за решенијата издадени на 2 јули за мерки на претпазливост на Јанакиески и Божиновски  истакна дека во диспозитивот на тоа решение стои дека доколку обвинетиот не се придржува кон определените мерки на претпазливост Судот може да определи друга мерка за обезбедување присуство, и со тоа се докажува дека овде немаме непочитување на ниту една од овие мерки за да сега бараме преспитување, а уште помалку да може да се бара и дирекно определување на мерка притвор.

-Затоа ако веќе одиме на содржината на образложението на ова решение со кое е определено мерка притвор ни тука нема ниту еден реален податок  со којшто се докажува дека било кој од обвинетите Кирил Божиновски или Миле Јанкиески навистина подготвувал или имал било каква намера за бегство, потенцираше адвокатот Миланов.

За решението издадено од Кривичниот Суд поврзан со тоа дека поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски имал средба со претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов и барал амнестија од него, адвокатот рече дека воопшто немало никаква средба меѓу Јанакиески и Иванов која била во насока на било каков разговор за амнестија.
Адвокатот Миланов додаде дека Јанакиески оставирил средба со претседателот но, за актуелна политичката ситуација во државата, а не за амнестија и истакна дека правно амнестија дава Собранието, а не претседателот, претседателот може да даде аболиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top