| четврток, 6 декември 2018 |

Русија и САД имаат добра соработка во вселената

Руски и американски претставници се пофалија со добрата соработка помеѓу двете земји во Вселената и покрај политичките тензии.

– Апсолутно си веруваме едни на други и на нас не влијаат политичките ветрови, изјави директорот на „Роскосмос” Дмитриј Рогозин.

Директорот на Одделението за истражување и операции при НАСА, Бил Гестенмајер истакна дека Вселената ги споила двете држави.

Како партнери можам да кажам дека заедно работиме исклучително добро, посочи Гестенмајер.

Рогозин и Гестенмајер денеска присуствуваа на конференција во Москва по повод 20-годишнината од Меѓународната вселенска станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top