| четврток, 6 декември 2018 |

Миланов: Апсењата на Јанакиески и Божиновски испратија порака за заплашување кон другите

Без ниту еден аргумент, Обвинителството определи мерка притвор за екс министерот за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски во случајот „Титаник“, вели нивниот адвокат Еленко Миланов во „Отворено“ на Алфа.

– Не постоеше ниту еден момент со кој би се потврдило дека од сите други мерки кои се определени истите не биле почитувани од Јанакиески и Божиновски – рече Миланов.

Според него,  со мерките за претпазливост кои им беа определени, одземање на патната исправа и редовно јавување на закажаните рочишта, нивното присуство било обезбедено во последните 16 месеци без ниту едно отсуство.

– Јанакиески е секојдневно во судовите на различни судења – вели неговиот адвокат.

Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заедно со поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски беа експресно притворени по неполни 24 часа, откако, поранешниот премиер Никола Груевски информираше дека ја напуштил државата и се наоѓа во Будимпешта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top