| четврток, 6 декември 2018 |

Хрват го продава медалот кој го освоил на фудбалското СП!

На интернет се продава бронзениот медал, кој го освои репрезентацијата на Хрватска на Светското првенство во Франција 1998 година, а не е познато кој ја продава.

„Светсји првенство во Франција. Официјален медал за трето место кое го освои Хрватска. Бронзениот медал е на оригинална врвка. Произведувач – Бертони. Само 30 вакви копии има од медалот“, пишува на интернет страницата.

Автентичноста на понудениот медал го гарантира аукциската куќа, а неговата почетна цена е 7.500 евра. Аукцијата ќе се одржи на седми и осми декември, а ќе му припадне на тој кој ќе плати најмногу.

Хрватската јавност остана во шок кога го виде овој оглас, а сите се прашуваат кој решил да си го продаде медалот.

извор: Спорт1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top