| четврток, 6 декември 2018 |

Железничкиот сообраќај в петок ќе запре ако до четврток не се подели плата во МЖ Транспорт

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт АД Скопје бара да се деблокира сметката на МЖ Транспорт која, како што тврдат, е блокирана од 2-ри месецов поради долг од 60 милиони денари за неплатена сметка за електрична енергија кон фирма од Бугарија.

Душко Чакаровски, претседател на Независниот машински и извршен персонал, за МИА изјави дека доколку до четврток не биде надминат проблемот и на машинскиот и на извршниот персонал не им бидат исплатени платата и материјалните трошоци за октомври, тие од петок наутро во шест часот нема да ги извршуваат работните обврски.

– Сметката на нашата фирма е блокирана од 2 ноември од бугарска човек фирма со име РИСИВАР за неплатена електрична енергија во висина од 60 милиони денари и тоа во време кога фирмата работеше најпрофитабилно (имаше превоз на емигранти каде отидоа тие огромни средства) од 2016 година и не можеме да функционираме. Бараме од повисоките структури во државата благовремено да интервенираат и да го решат овој проблем за да функционира железницата, а со тоа и стопанството во државата, изјави Чакаровски.

Тој се надева дека ресорното Министерство за транспорт и врски и Владата ќе го решат проблемот и нема да дојде до прекин на транспортот на суровини за стопанството и ќе можат да сообраќаат и меѓународните транзитни возови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top