| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во босански автобус: Жена се породила на словенска граница, помагале и возачите и патниците

Вистинска драма се случувала синоќа на граничниот премин Брегана помеѓу Хрвастска и Словенија каде жена која патувала во автобус на боснаската компанија „Транстурист“ успеала да се поради со помош на патниците и членовите на туристичката агенција.

Како што јавуаат босанските медиуми, вработените во споменатата агенција заедно со останатите патници кои патувале на релација Тузла – Хамбург и помогнале на жената која била во поодмината бременост да го доведе на свет своето бебе ни помалку, ни повеќе туку на едно од седиштата во автобусот.

– Синоќа околу полноќ во автобусот кој возеше на линијата Тузла – Хамбург нашите вработени и патници учествуваа на еден несекојдневен, но убав настан. Тие помогнаа на жена да се породи во еден од нашите автобуи. Среќата нека ги прати секогаш, напишал сопственикот на туристичката агенција на Фејсбук.

Патничката, чие име не се објавува, додека автобусот се приближувал со границата на Словенија почнала да добива болки, по што морала да се породи на лице место. По успешното породување, мајката и бебето биле пренесени со возило на брза помош во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top