Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски.
Автомобилот со бугарски таблички „бмв“ во задниот дел е речиси целосно изгорен, потврди Стефановски за „Макфакс“, кој рече дека настанот го пријавил во полиција. Од МВР велат дека возилото било опожарено во близина на унгарската амбасада и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-Ме разбуди силен звук на пукање, слушав како се топеше и пукаше пластиката од автомобилот. Потоа дојде и сосетката да ми каже дека гори. Возилото е запалено со бензин, но не знам кој и зошто го направил тоа. Не се сомневам во никого, никој претходно не ми се заканувал, ни изјави Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст