| четврток, 6 декември 2018 |

„Ел Команданте“ за бајката во Вардар: Сè уште не знам како успеавме да ја освоиме титулата

Ракометот и животот понекогаш пишуваат бајки, а Раул Гонзалес и Вардар испишаа една прекрасна. Со овие зборови ЕХФ го најавува интервјуто со сегашниот тренер на ПСЖ, Шпанецот Раул Гонзалез.

– Времето во Скопје минуваше многу брзо. Таму за прв пат бев ангажиран како тренер и сè беше прекрасно. Тоа беа најубавите години од мојата кариера. Таму уживав, ја освоивме Лигата на Шампионите и сè беше совршено. Сеуште не знам како, но успеавме во тоа, вели „Ел Команданте“ во своето интервју за официјалната страна на ЕХФ зборувајќи за времето кое го мина во РК Вардар. Целото интервју може да го погледнате тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top