| четврток, 6 декември 2018 |

Албанец го нападнал шефот на српскиот Интерпол на седница во Дубаи – вака дошло до светскиот скандал во Емиратите

Првиот ден на заседанието на ГС меѓународната полициска организацијз го обележаа низа скандали кои ги приредија претставниците на приштинската полиција.

Еден член на делегацијата на Приштина кој го следи Генералното собрание на Интерпол во Дубаи нападнал член на делегацијата на Србија,.

Ова не бил единствен инцидент, бидејќи како што пишува српски Курир, делегацијата на Приштина им дофрлувала на претставниците на Министерството за внатрешни работи во Србија и упадливо ги фотографирала со мобилни телефони, како во салата така и за време на паузите.

Член на делегацијата од Приштина се претставил како новинар, му пришол на српскиот шеф на Интерпол Милан Димитријевиќ и го нападнал.

-Го фатил Димитријевиќ за рака и го турнал. Постојано доаѓале и ја фотографирале нашата делегација – потврденое е за српски Курир од српското МВР.

Делагацијата на Србија во Дубаи ја предводи министерот Небојша Стефановиќ, кој оценил непримерно однесување на Генералниот секретаријат на Интерпол, бидејќи приемот на Косово во оваа организација е ставен на дневен ред иако на тоа се противеле голем број членови.

-За жал, иако повеќе пати предупредивме дека со тоа е загрозено меѓународното право, ваквата одлука покаува дека Кореловата резолуција, која ја усвои Генералното собрание минатата година во Пекинг, останува само мртво слово на хартија – нагласил Стефановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top