| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец со „Мерцедес“ излетал од патот и се превртел, итно пренесен на Клиника

Вчераутро околу 07 часот на локалниот пат село Кадино – Миладиновци, скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т. (47) од Скопје излетало од коловозот и се превртело.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Т.Т. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top