| четврток, 6 декември 2018 |

За „Гардијан“ веќе сме Северна Македонија, а Македонија грчка (фото)

За британскиот весник „Гардијан“ уште отсега пишува за Северна Македонија. Во текст за најдобрите 50 вина за претстојниот Божик, медиумот го наведува виното „Кратошија“ на македонската винарија „Тиквеш“ од Република Северна Македонија.

„Кратошија“ е вброена во петте најдобри црвени вина со цена под 10 фунти и се претставува како од Република Северна Македонија, иако на самата етикета пишува „Република Македонија“.

Од друга страна, грчкото вино „Атма ксиномавро“ од винеријата „Тимиопулос“ е претставено како од „Македонија, Грција“, иако дистрибутерот го рекламира дека е од Северозападна Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top