На вечерашниот масовен протест против уставните измени, од говорницата се обрати и Тодор Петров. Тој побара оставка од Владата и распуштање на Собранието. Како што додаде тој, оваа Влада е нелегитимна.
Мора да падне режимот од Муртино, порача првиот човек на Светскиот македонски конгрес и рече дека поднеле кривична пријава против премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и 80 пратеници кои гласале „за“ уставните измени за кривични дела против нацијата.
„Бараме поништување на одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, амнестија за 27 април“, рече Петров.
Тој апелира до пратениците од опозицијата да не бидат статисти во Собранието. Го спомена и експремиерот Никола Груевски и рече дека е жртва на политички прогон.
Повика на блокирање раскрсници и штрајк низ цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст