| четврток, 6 декември 2018 |

Снег ја прекри цела Македонија: На овие места вее во моментов (Фото)

Слаб снег попладнево провејува во Маврово, на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот, информираат од јавното претпријатие „Македонија пат“.

Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

– Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од јавното претпријатие.

Уште еден месец календарски не дели од официјалното доаѓање на зимата, но снегот кој ги забелеа планините ја донесе порано.

Минусните температури и врнежи од вчера почнаа да го навестуваат студениот бран кој ќе дојде во Македонија.

Фотографиите се од утринава па затоа уживајте во снежната галерија која ја земавме од Фејсбук страницата WE HAVE SNOW – ПОПОВА ШАПКА.

)

Срна се прошета на првиот снег на Пелистер (Фото)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top