Oвие денови, па можеби и години, постојат многу работи кои фрлаат неубава слика за нашата земја. Но, туку од некаде ќе се појават и такви светли моменти што ќе ве направат да си речете дека сепак не е сè изгубено.
Токму такви позитивни чувства предизвикаа и фотографии од Зоолошката градина во Скопје, кои станаа вирален хит!
Фотографот на „Нова Македонија“, Горан Анастасовски, успеа преку неколку фотографии да раскаже приказна за љубов, пријателство, посветеност… И тоа беше повеќе од доволно да го обиколат светот.
Негувателот Ристе и жирафата од ЗОО во Скопје се најдоа првин на сајтот „Bored Panda“, благодарение на фотографот Анастасовски, кој и ги сподели, по што следеа објави и на други светски медиуми како beetzer.com; shnyagi.net; pressa.tv; а една и од омилените фотографии на уредниците од „National Geographic“.
Силната порака која ја прави оваа приказна покажа дека сепак не е се така сиво, може да биде и бело и жолто и кафено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст