| четврток, 6 декември 2018 |

Планот за вработување за 2019 изнесува 1,1 милијарда денари

Владата во предлог буџетот за наредната година издвои 1,1 милијарди денари за зголемување на вработливоста и поддршка на вработувањата во земјава, информира на денешната прес конференција во Велес министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, потенцирјќи дека споредено со 2016 година ова е двојно поголем износ, а во споредба со 2014 година тројно повеќе.
Таа соопшти дека се готови 91 процент од оперативниот план за следната година, на кој заеднички работи тим на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) заедно со Агенцијата за вработување, Фондот за иновации, стопанските комори и Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, во изминатите денови на заедничка средба во Велес.

Царовска појасни дека изминатата година планот бил одличен, а во следната година креираат мерки кои што ќе бидат и иновативни и ќе дадат директно ефект во можноста фирмите да ги апсорбираат тие што тие ги подготвуваат за пазарот на труд.

Директорката на агенцијата за вработување Билјана Јовановска, појасни дека Агенцијата како институција која ги применува мерките за вработување во текот на годинава имала дирекни контакти со невработените и работодавачите со согледување на нивните потреби и барања.

„Црпејќи го искуството од оваа година од терен во делот на предлозите и сугестиите и критиките од невработените и работодавачите на терен , тенденцијата и намерата ни е во 2019 оперативниот план да го приближиме уште повеќе кон нивните барања и потреби. До овој момент реализацијата на оперативниот план е околу 91 процент, што значи дека е висок степенот на реализација“, појасни Јавановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top