| четврток, 6 декември 2018 |

Овие билки не смеете да ги имате дома

Сигурно и вие, како и повеќето семејства, имате неколку омилени билки и растенија од кои би требало да се откажете затоа што се токсични без да знаете.

Посебно ако имате мало дете или миленик, уште денес треба да ги тргнете подалеку од терасата, дворот или полицата во соба.

Рододендрон

Овие прекрасни цветови се совршени за вашиот двор, но бидете посебно внимателни ако ги насадите. Ако случајно дојде до консумација на цветот настанува труење со болка во стомакот, потешкотии во дишењето, парализа, па дури и кома.

Олеандер

Олеандерот може да има цветови во бела, розова и црвена боја, па е посебно привлечен за детските рачиња. Меѓутоа, доволен е само еден цвет за да дојде до труење. Симптомите вклучуваат забавена работа на срцето, поспаност и малаксаност на телото.

Бучиниш

Ова цвеќе може сосема случајно да се појави во вашата градина, а доколку имате домашни миленици задолжително искорнете го. Отровот од гранките мириса на морков и ги привлекува милениците. Ако се касне, директно го напаѓа нервниот систем. Кај некои понежни раси, но и кај луѓето, може да има кобни последици по живот.

Жолт нарцис

Кај жолтиот нарцис најотровен е неговиот корен. Иако изгледа прекрасно, размислете 2 пати пред да го посадите. Ако се посомневате дека вашиот миленик копал во земјата и каснал дел од коренот, веднаш однесете го на ветеринар. Првите знаци на труење се дијареја, повраќање, грчеви и аритмија.

Англиски тис

Кај оваа билка најотровно е семето, но тоа не значи дека и листовите се безбедни. Алкалоидите кои се наоѓаат во ова растение често предизвикуваат грчеви, парализа, а во најлош случај прекин на работата на срцето.

Хортензија

Ова прекрасно цвеќе кое ви ги мами очите содржи опасен отров цијанид. Луѓето и животните би требало да изедат голема количина од ова цвеќе за да дојде до труење, но сепак, зошто би ризикувале?

Филандендрон

Билната течност која ја содржат листовите на ова цвеќе може да ја иритираат кожата и устата. Ако се консумира може да дојде до отежнато дишење, отекување на грлото и проблеми со стомакот. Иако реакциите се ретки, попаметно би било да ги исфрлите зелените филадендрони од подалеку од децата и милениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top