Клиниката за Детски болести и Одделот за Интензивна нега и терапија е единствениот медицински центар во земјава каде што препраќаат и згрижуваат предвремено родени бебиња и бебиња со екстремно ниска родилна тежина од сите родилишта во Р. Македонија. Како референтен центар, во изминативе две години Одделот има згрижено и лекувано околу 170 бебиња родени под 31-та Гестациска недела од бременоста.
Според податоците на клинките во 2017 година, на Одделот за Интензивна нега и терапија примени се 87 прематурни новородени. Од нив, 33 се деца родени под 28 гестациска недела и 22 биле со екстремно ниска родилна тежина под 1000 грама.
Во 2018 година, од јануари до ноември, на Одделот за Интензивна нега и терапија, примени се 66 прематурни бебиња од кои 28 биле родени под 28 гестациска недела и 21 со тежина под 1000 грама. Вкупно 57 деца се испишани од Одделот во добра состојба.
Најмалото бебе во килажа кое било примено изминативе две години на Одделот и било испишано во добра состојба имало само 480 грама. Од примените прематурни бебиња, со најмала гестациска возраст е бебе родено во 24/25 недела од бременоста кое тежело само 690 грама.
„На Одделот за Инензивна нега и терапија во изминативе две години се применуваат низа нови методи во третманот на прематурните бебиња кои даваат значителни резултати кај оваа група напациенти. Тоа се: Високофреквентаната механичка вентилација, optiflow, Лиса методата за апликација на сурфактант, Body cooling како метод за намалување на асфиксиите, апликација на умбиликални катетри и пиклајни, скрининг за слух, употреба на Неопаф.
Се очекува до крајот на годинава на Одделот за интензивна нега и терапија да биде инсталирани систем за Централен мониторинг, како и да се започне со мониторирање на централни венски и артриски притисоци“ велат од Клиниката.
Сето ова, комбинацијата на новите апарати кои ги доби Одделот по реновирањето и усовршувањето на лекарите во новите методи, значително оди во прилог на подобрување на намалувањето на новороденечката смртност во услови кога се повеќе бебиња се раѓаат пред 32-та гестациска недела и со екстремно ниска родилна тежина, нешто што не беше пракса до пред пет години.
Горди сме на нашите мали борци Кико, Јана, Варвара, Виктор, Андреј, Алек, Стефан, Беќири, Туана, Садику… и уште многу други кои се изборија за живот на нашиот Оддел и денес се здрави бебиња и деца. Овој ден е заеднички, нивни и наш. На најмалите бебиња со најголемо срце кои секој ден испишуваат по една голема приказна.
За нив се грижи тимот на лекари и медицински сестри на Одделот за интензивна нега и терапија:
Др Муратовска Делимитова, Др Кимовска Христов, Др Софијанова, Др Нешкова Јанковиќ, Др Воиновска, Др Наунова-Тимовска, Др Манџуковска и медицинските сестри: Весна, Јуле, Љубица, Весна, Сандра, Елена, Нина, Јуле, Габи, Ибе , Ана, Марија, Назмие, Стојна, Симона, вели проф д-р Катерина Ставриќ, директор на Клиниката за Детски Болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст