| четврток, 6 декември 2018 |

Јадете зелка ако сакате да имате добар имун систем и убава мазна кожа

Во македонската традиционална кујна најомилена од зимницата е секако киселата зелка. Не само што е вкусна и од неа се подготвуваат убави јадења, како што е традиционалната сарма, туку киселата зелка е и многу корисна за нашето здравје. Зошто?

Киселата зелка изобилува со калиум, железо, магнезиум, „Ц„ витамин и други корисни елементи за организмот. Крие богатство од пиридоксин (витамин Б6), без кој протеините воопшто не би биле искористени. Исто така, е богат извор на нијацин (витамин Б3), кој е потребен за метаболизмот, енергијата и работата на мозокот.

Го ослободува организмот од стрес, помага за зајакнување на коските, го регулира холестеролот во крвта и има улога за обнова на сврзното ткиво. Високата содржина на растителни влакна значи дека киселата зелка е многу добра за правилното варење на храната.

Во периодот на настинки и вируси, неопходно е да го подигнете имунитетот, а тоа може да го сторите со вметнување на киселата зелка на вашето секојдневно мени.

Киселата зелка не бара многу работа но многу е важно при изборот да е здрава и не многу голема
Лековитото дејство на киселата зелка може дополнително да се зголеми, со додавање на други намирници, како на пример листови од винова лоза, грозје, дуња, јаболка или анасон. Истиот ефект се постигнува и со зачините како зрна пипер, ким и слично.

Тоа што малку се знае е дека киселата зелка помага и во нега на кожата. Ги чисти и отвора порите, а може да помогне и во отстранување на акните. Употребата е едноставна: Облога од кисела зелка се чува на лицето (со избегнување на предел на очи) 10-тина минути, по што лицето се мие со чиста вода. Оваа постапка може да се прави еднаш неделно.

Во продолжение прочитајте како се кисели зелка.

За оваа подготовка ви е потребно:

30 кг зелка
2 кг сол
вода по потреба

Зрела зелка со поцврсти главици, исчистете ја од оштетените листови и со остар нож издлабете го коренот, како на сликата.

Направената длабнатина исполнете ја со сол. На дното на бурето, ставете сол и над тоа ставајте ги посолените главици зелка, во просторот помеѓу главиците ставете четвртини од зелка или по желба уште помали делови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top